Безбедносните сили во Белгија уапсија 116 учесници на протест во Брисел, организиран поради смртта на тинејџер од африканско потекло, кој почина откако беше приведен од полицијата.

Демонстрантите запалија полициско возило, искршија стакла и врати во полициска станица и оштетија банкомати и продавници на околните улици.

За време на протестот можеа да се слушнат пароли „Црнците се важни исто како вас “, „Правда за Ибрахим“, „Полиција убијци“, а демонстрантите потоа почнаа да фрлаат камења кон полициската станица, на што припадниците на безбедносните сили одговорија со употреба на водени топови.

Неколкумина демонстранти беа повредени и однесени во болница, а неколкумина демонстранти беа приведени.

Полицијата го уапси Ибрахим Барије со образложение дека тој не се придржува до мерките преземени во борбата против вирусот корона.