Лидерите на ЕУ изненадија: Воопшто не сме сигурни дека Вучиќ и Хоти знаеја што потпишуваат во Вашингтон!?

Вучиќ потпиша документ, со кој се ветува дека Србија ќе ја премести својата амбасада во Израел, од Тел Авив во Ерусалим

Треба да им се постави прашањето дали лидерите на Србија и Косово знаат што потпишуваат во Вашингтон, каде ветија дека ќе отворат амбасади во Ерусалим, Европската унија не беше информирана, изјави портпаролот на Комисијата Питер Стано.

Вие прашавте дали тие знаат што потпишуваат. Мислам дека тоа е многу добро прашање за нив, рече Стано како одговор на новинарско прашање.

Српскиот претседател Александар Вучиќ минатата недела потпиша документ во Вашингтон во кој се ветува дека Србија ќе ја премести својата амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти исто така потпиша сличен документ со кој се ветува Косово да ја отвори својата амбасада во Израел во Ерусалим откако ќе се воспостават дипломатски односи меѓу Косово и Израел.

Стано додаде дека Европската унија имаше информации за економските аспекти на состанокот во Вашингтон меѓу Србија и Косово, но не знаеле за овој дел, кој се однесува на признавање на Израел и преместување на амбасадата.

Стано потсети дека ЕУ е неутрална по прашањето за Ерусалим, дека е посветена на решението на двете држави, Израел и Палестина, кои можат мирно да коегзистираат и за Ерусалим како главен град на двете држави.

Ниту една земја-членка на ЕУ нема своја амбасада во Ерусалим.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *