Сподели

Пабовите во Англија и некои други места за забава можеби ќе треба да бидат затворени повторно за да се создадат услови училиштата да се отворат следниот месец. Ова го препорачаа научниците кои ја советуваат британската влада.

Професорот Греам Медли за Би-Би-Си изјави дека можеби е потребна „размена“ кога станува збор за отворање на училишта.

Иако казината, кугланите, па дури и конференциските центри требаше да ги отворат овој викенд, тоа ќе биде одложено за најмалку една недела, рече премиерот Борис Џонсон.

Исто така свадбените прослави до 30 лица се одложени.

Професорот по медицина, Крис Вити рече дека може да бидат неопходни компромиси за учениците да можат да се вратат во училниците следниот месец како што е планирано.

Џонсон претходно вети дека основните и средните училишта во Англија ќе се отворат во септември со „полн капацитет“.

На прашањето дали се потребни ограничувања за други активности за да се овозможи повторното отворање на училиштата, Медли рече дека тоа е сосема можно.

Мислам дека сме во ситуација кога повеќето луѓе мислат дека отворањето на училишта е приоритет за здравјето и благосостојбата на децата и дека кога ќе го сториме тоа, ќе поврземе многу домаќинства. Тоа би можело да се сведе на прашањето што е поголем приоритет. Дали мислиме дека пабовите се поважни од училиштата, запраша тој?


Сподели