Повеќе од половина од вкупната британска популација ја примиле првата доза на вакцина против коронавирус, покажуваат најновите податоци. Досега најмалку 33.496.293 луѓе ја примиле првата доза во Велика Британија.

Се проценува дека во Велика Британија живеат вкупно 66.796.807 луѓе , така што последните бројки покажуваат дека повеќе од половина од луѓето биле вакцинирани со првата доза досега. На територијата на Англија, до 24 април, од вкупно 38.189.536 дадени дози на вакцини, 28.102.852 од нив отпаѓаат на првата доза.

Новите податоци треба да бидат доставени од здравствените власти на Велс, Шкотска и Северна Ирска до 24 април.

Експертите посочуваат дека вакцината треба да ја стави под контрола пандемијата. Тие ги објавија најновите податоци, според кои вакцините го намалија бројот на заразени лица во Велика Британија и веројатно ќе го намалат ширењето на вирусот.

Само една доза на Pfizer и BioNTech или Oxford / AstraZeneca го намалува бројот на случаи за две третини, а нејзината ефикасност во случај на симптоматска инфекција е 74 проценти. По две дози на вакцината Pfizer, забележано е 70% намалување на случаи на инфекција и 90 проценти намалување на бројот на симптоматски случаи на болеста. Експертите сè уште собираат податоци за ефективноста на обете дози на вакцината „АстраЗенека“, но тврдат дека нивните податоци покажуваат дека и двете вакцини се ефикасни, пренесува Хина.