Сподели

БДП на Велика Британија падна за 2,2 отсто во првиот квартал од годината како резултат на епидемијата предизвикана од корона вирусот. Ваквите податоци доаѓаат по ревидираните статистики на државниот завод.

Ваквото движење на состојбата со БДП претставува уште полош резултат од претходно прогнозираниот од 2 отсто и истиот претставува најголемо квартално намалување на британската економија уште од 1979 година.

Услужниот сектор доживеа рекорден пад од 2,3 проценти, додека производството и градежништвото исто така допринесоа за ваквиот негативен резултат.

На годишно ниво, БДП на Велика Британија е намален за 1,7 отсто во споредба со првиот квартал од претходната година


Сподели