Бројот на новите случаи на британска мутација на коронавирусот, откриени во Русија, изнесува 81, а во исто време се изолирани шест случаи на јужноафринаскиот сој на вирусот, објави главниот руски здравствен инспектор Ана Попова во интервју за весникот Известија.

Таа истакна дека светот во моментов има зголемување на инфекцијата со овие мутации. Британскиот сој преовладува во голем број европски земји, со околу 60 до 70 отсто од вкупниот број инфекции. Во Русија е засега малку распространета таа верзија на вирусот.

Во САД, за прв пат, индискиот вид на коронавирусот е потврден кај едно лице во округот Санта Клара – во југозападна Калифорнија, пишува Сан Франциско кроникал. Пријавени се уште седум случаи кај кои постои сомневање за индискиот вид. Експертите се очекува да утврдат дали е тоа така во следните неколку дена.

Кон крајот на март, индиските власти објавија нова варијанта на коронавирусот со двојна мутација.

Индија забележа рекорден број на нови инфекции со коронавирусот и стана втора земја по Соединетите држави што преминаа преку 100.000 нови случаи за еден ден.