Британскиот премиер Борис Џонсон планира следната недела  да објави забрана за продажба на нови бензински и дизел автомобили од 2030, пет години порано од планираното, објави Фајненшл тајмс.

Велика Британија првично планираше да ја забрани продажбата на нови автомобили со бензин и дизел од 2040 година, како дел од напорите за намалување на емисиите на штетни гасови.

Во февруари, сепак, Џонсон го смени тоа за 2035 година.

Цитирајќи свои сопствени извори од индустријата и владата, весникот нагласува дека Џонсон има намера да го помести крајниот рок повторно на говор за еколошката политика, што се очекува да го одржи следната недела.