Британската полиција издаде предупредување до јавноста да се држат настрана од таблети екстази во форма на американскиот претседател Доналд Трамп кои се исклучително опасни.

Еден Британец беше фатен под сомнение дека вршел дистрибуција на такви портокалови таблети, соопшти полицијата.

Криминалците постојано наоѓаат нови начини да ја продаваат својата дрога. Сме виделе и порано таблети МДМА (екстази) произведени во форма на разни предмети од популарната култура, а сега имаме пример тие да се во форма на Доналд Трамп”, рече детективот Рајан Барнс од полиција во Бедфордшир.

Ако наидете на овој или друг вид на дрога, ве молиме, не ги консумирајте поради вашата безбедност, затоа што никогаш не можете да бидете сигурни што содржат овие таблети, додаде тој.

Ова не е првпат да бидат откриена дрога со ликот на американскиот претседател. Британската полиција минатото лето предупреди на силни таблети кои потсетуваат на Трамп.

Слична состојба е забележана пред две години во Хонг Конг, во Германија минатата година и во САД оваа година.


Напишете коментар