Случаи на нов вид коронавирус најден во Велика Британија се пријавени во најмалку осум држави во САД, според официјалните податоци објавени во време кога е регистриран нов рекорд на новозаразени во САД.

Britanski soj korona virusa pronađen u osam američkih saveznih država 1

Според вчерашните податоци на Центрите за контрола на болести, 63 случаи со новиот вид на вирус, кои се појавија во САД минатата недела, се потврдени во Калифорнија и Флорида.

Новиот вид на вирус, кој за прв пат беше забележан во Велика Британија, исто така е пријавен во американските држави Колорадо, Тексас, Њујорк, Вирџинија, Џорџија , Конектикат и Пенсилванија.

Американскиот имунолог Ентони Фаучи во средата процени дека новиот вид може да биде пошироко распространет во САД, но додаде дека тој не е особено загрижен.