Бритни Спирс на својот Инстаграм профил објави фотографија од стара машина за пишување и розови рози, но текстот што го напиша под неа се однесува на сосема друга тема. Во објавата на Инстаграм таа го нападна целото нејзино семејство.

Всушност доста ми е од улогата на разумна Мајка Тереза. Доколку сте не пристојни кон мене, јас завршувам со вас. Мир. Оваа порака е до моето семејство затоа што ме повреди подлабоко од тоа што некогаш тие би го знаеле, напиша пејачката во описот.

Знам дека старателството ќе заврши наскоро, но сепак сакам правда. Висока сум само 163 сантиметри а цел живот глумев дека сум голема личност. Знаете ли колку е тешко тоа? – додаде таа во описот.

Таа напиша и дека е непристојно што одвојува време за некого а таа личност ѝ го откажува договорот.

Зарем не ви е чудно кога планирате да организирате патувања или да организирате ручек со луѓето што ги сакате, па тие на крајот да го откажат или да заминат по десет минути? Тоа е понижувачко и за секоја личност за која сум била достапна веднаш, ми кажува дека нема да биде присутна затоа што ќе оди на патување во следните две недели. Во ред, разбирам, тие се слободни само кога им одговара. Па сега веќе јас никому не сум достапна. Не ми пречи да бидам сама, објасни Бритни.