Ана Брнабиќ, премиерот на Србија, изјави денеска дека на вчерашната седница на Кризниот штаб се разговарало за нови мерки, и дека мислењата се различни, како и дека денеска ќе разговара за воведување нови мерки со претседателот Александар Вучиќ.

  • Ние ја следиме состојбата во цела Европа, воведувањето и опуштање на мерките во ЕУ и пошироко и се водиме според тоа каква е нашата ситуација. По оваа посета, имам состанок со Вучиќ и заедно ќе разгледаме некои мерки, а дали ќе преземеме поограничувачки мерки, ќе видиме од денешниот број на заразени лица – рече Брнабиќ во утринската програма на Пинк.

Таа додаде дека државата ќе излезе со нови мерки денес или утре.

„Не чека тежок ден“
Како што рече таа, според бројките во 8 часот утрово, се чини дека денот ќе биде тежок, но не толку тежок како минатиот вторник. Бројките се лоши, мораме да делуваме.

  • Денеска ќе имам состанок со Вучиќ за да разговараме заедно за некои од предложените мерки, како и за уставноста на тие мерки.