Ана Брнабиќ, изјави дека Србија ќе биде меѓу првите земји што ќе ја примат новата вакцина против вирусот корона и дека се прави сè за да биде најбезбедна и најефикасна.

Брнабиќ рече дека во тек се преговори со сите производители и дека постои можност да се обезбедат дополнителни два милиони дози и објасни дека Србија балансира во врска со набавката на нови дози бидејќи тоа се огромни трошоци.

„Разговараме со сите производители на вакцини и со американскиот Фајзер и германскиот Бионтек, со кои веќе потпишавме договор“, рече Брнабиќ.

Таа објасни дека постојат две опции за набавка на вакцини, кои земјите можат да ги изберат преку Глобалната коалиција за вакцини.