Светската здравствена организација (СЗО) во саботата објави апсолутен рекорд во бројот на нови случаи на инфекција со ковид-19 во светот, покажуваат нејзините податоците за пандемијата ажурирани во неделата.

Агенцијата на ООН во саботата доби информации за 660.905 нови случаи. Претходниот црн рекорд, поставен во петокот, беше 645.410 заразени лица, а на 7 ноември имало 614.013 нови случаи.

Во саботата, филијалите на СЗО во САД исто така објавија најголем број на инфекции досега во еден ден, 269.225 нови потврдени случаи.

Податоците на СЗО покажуваат дека од избувнувањето на пандемијата, има повеќе од 53,7 милиони потврдени случаи на инфекција со коронавирус, а повеќе од 1,3 милиони луѓе починале.

Извршниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, , во петокот предупреди дека „има уште многу да се направи“ сè додека коронавирусот не биде поразен на глобално ниво.

Друг неславен рекорд е дека СЗО забележа повеќе од 9.500 смртни случаи за прв пат во три последователни дена: 9.928 во четвртокот, 9.567 во петокот и 9.924 во саботата.