Повеќе од 73 милиони луѓе во светот се заразени со новиот вид коронавирус, пренесува Анадолија.

Податоците објавени на страната на „Worldometer“ во понеделникот покажуваат дека вкупниот број на заразени достигна 73.079.242.

Најголем број случаи на инфекција се потврдени во Соединетите држави, каде се разболеле 16.870.028 лица.

Други земји со најмногу инфекции се: Индија (9.906.484), Бразил (6.927.145), Русија (2.681.256), Франција (2.379.915) и Велика Британија (1.869.666).

Според „Worldometer“, како резултат на инфекцијата во светот починале 1.625.904 лица, а досега од оваа болест се опоравиле 51 153 298 лица.