Марцело Брозовиќ во саботата во два часот наутро поминал на црвено светло со својот Ролс Ројс во центарот на Милано и бил запрен од полиција. За проблемите да бидат поголеми, тој имал и поголемо количество на алкохол во крвта од дозволеното, па му била одземена возачката.

Интер не дозволува вакви испади и ги санкционира своите фудбалери. Обично тие паузираат еден натпревар, но Антонио Конте има многу повредени за дуелот со Торино, нема кој да игра во средниот ред, па Хрватот ќе се најде во составот за вечерашната пресметка на „Џузепе Меаца“.

Сепак, Марцело Брозовиќ нема да помине неказнето, Интер жестоко ќе го удри по џебот со парична глоба од 100.000 евра.


Напишете коментар