Секретарот на Демократската партија на Косово (ДПК), Уран Исмаиљи ја обвини владата на Република Косово дека не презема ништо додека Белград, според неговата проценка, „го поткопува суверенитетот на Косово“ под изговор дека се бори против пандемијата на коронавирусот.

Како што објави приштинскиот портал Репортери, тој рече дека премиерот Авдулах Хоти и поранешниот премиер Албин Курти клечат пред српскиот претседател Александар Вучиќ.

Исмаиљи оцени дека вакцинацијата што Белград ја спроведува на северот на Косово и Метохија претставува директен напад врз суверенитетот на Република Косово, што е трет пат во последните неколку месеци Белград грубо да го поткопува косовскиот суверенит за време на пандемијата, вели тој.

Тешко е да се гледаат како Хоти и Курти клекнуваат пред Вучиќ и се одрекуваат од државниот суверенитет на Косово, смета Исмаиљи, пренесуваат приштинските медиуми.