Смртта на Афроамериканец за време на апсење предизвика бес во Минеаполис, а неговото семејство предупредува на прекумерна и нехумана употреба на сила и расизам од страна на полицијата во тој град.

Сцената, снимена од случаен минувач, покажува еден маж легнат земја од страна на полициски службеник, кој со колената му го притиска вратот. Мажот Џорџ Флојд (46) се жалел неколку минути дека не може да дише.

„Не можам да дишам, не можам да дишам, те молам, не убивај ме“, молел Флојд за помош. Полицаецот му рекол да биде смирен, а друг полицаец ги држел минувачите на оддалеченост.

„Тој не се мрда, не дише, пипнете му го пулсот“, повторувал еден минувач додека полицајците чекале да пристигне брзата помош за неколку минути, но Флојд не бил спасен. Починал набргу по пристигнувањето во болница.

Портпаролот на полицијата тврди дека човекот се спротивставил на апсењето на кое полицијата била повикана поради пијанство.

Минувачите се собраа и положуваа цвеќе на местото на инцидентот, а некои истакнаа натписи со кои се повикува полицијата да престане да ги убива Афроамериканците.

Полицијата во Минесота соопшти дека 46-годишниот Флојд, кој работел како чувар во ресторан, починал по здравствен инцидент во полициска интеракција.

Градоначалникот Џејкоб Фреј потврди дека четворицата полицајци вклучени во инцидентот биле отпуштени.

Пред полициската станица во Минеаполис полицајците мораа да употребат солзавец за да го растераат масовниот протест поради смртта на Флојд.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *