Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека се пристигнати фрижидерите кои одржуваат температура до -70 каде треба да се чуваат вакцините од производителот Фајзер.

Во светот веќе се вршат и втор циклус на вакцинации , но сепак тоа е светот а ние сме реално далеку од западот .

-Два фрижидери се веќе тука, уште три во текот на следните недели.  Во еден фрижидер може да се складираат 100 илјади дози на вакцини. Имаме сосем доволен број капацитети и во овој момент. Добро одат преговорите со компанијата Фајзер и за кратко време договорот ќе биде склучен, резервирани се дозите со таа динамика како што беше најавено од овој производител, нагласи министерот Филипче во вестите на ТВ Сител.

Како што претходно беше најавено, станува збор за 5850 дози во февруари, а пота 17.500 во месец март и април.

Оваа бројка е смешна во споредба со тоа колку дози ни се потребни и колку дози имаат нашите соседи обезбедено.