Туристичката организација на Будва објави дека во моментов има 1.500 гости во сите типови сместувања, што е скоро 20 пати помалку од лани во исто време, кога имало 29.000.

Според подгоричкиот портал Вијести, празно приватно сместување, хотели кои не се ни отворени, повеќето ресторани кои не работат или имаат малку гости, напуштените плажи се сликата на Будва на почетокот на главната сезона.

Поради тоа многу од угостителите не ги отвараат своите ресторани и хотели. Нема гости кои биле наши муштерии со години и прашање е кога ќе дојдат, затоа што границите се затворени, пред се рускиот пазар е блокиран и овие гости нема да дојдат наскоро. Засега не можеме да ги отвориме рестораните и хотелите бидејќи секој ден би работеле со загуба “, велат тие.

Улиците на Стариот град се скоро напуштени, а скоро никој не влегува во продавниците.

Дека Будва ја доживува една од најтешките летни сезони од катастрофалниот земјотрес во 1979 година, се потврдува со драстично малите приливи од наплатата на данокот на престојот.

Секретар за финансии на Будва, Петар Оџиќ вели дека приходите биле четирипати пониски од лани во истиот период кога биле собрани 644.031 евра.

Годинава лесно може да се случи да имаме колапс на туристичката сезона, рече тој.


Напишете коментар