Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека од секоја пратка на вакцини против ковид-19 што ќе ја купи Република Бугарија, дел ќе донира на Република Македониија.

„Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде имав и свое обраќање.

Со оваа одлука, во нашата земја вакцини против Ковид-19 ќе стигнуваат во исто време, како и во останатите земји членки на Европската Унија.
Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70% од населението.

Според информациите од здравствените власти во Република Бугарија, најпрво во Софија ќе стигне вакцината на Фајзер, потоа на Модерна, па на Астра Зенека.
Веќе разговаравме и за техничките детали во однос на испораката, верувам дека во исто време ќе добиеме дел од вакцините, како и земјите од ЕУ.

Освен преку донација од Република Бугарија, нашата земја обезбеди вакцини и преку Ковакс механизмот. Европската Унија за земјите членки обезбеди 400 милиони вакцини и 100 милиони дополнително за земјите кои не се во Унијата, а вакцините може да ги добиваат со посредување на земји членки. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија Полска и Грција. Република Северна Македонија преговори и со произведувачите за директна набавка на вакцини и од нив.“ – објави министерот Филипче.

✅ Имаме готовност да подпомогнем с ваксини срещу COVID-19 страните от Западните Балкани и Източното партньорство, след като обезпечим нуждите на българските граждани. 🤝На днешното правителствено заседание присъства и министърът на здравеопазването на Република Северна Македония Венко Филипче, който изрази признателността на страната му в тези трудни времена. Солидарни сме с нашите приятели в усилията за излизане от кризата, причинена от COVID-19. Правим го с най-чисто сърце и за живота и здравето на нашите най-близки съседи.

Posted by Boyko Borissov on Tuesday, December 22, 2020