Бугарија ја продолжува вонредната состојба до 15 јули. Бројот на заразени од вирусот повторно скокна.

Бугарија започна со олеснување на мерките за реструктуирање на почетокот од овој месец, но има зголемување со нови случаи минатата недела или 606 нови случаи.

Затоа министерот за здравство, Кирил Аланиев, одлучи да го воведе задолжителното носење маски на затворени јавни места, возови и автобуси.

Денес се пријавени 130 нови случаи на инфекција, така што вкупниот број на заразени во Бугарија досега е 4.114, додека бројот на умрени е 208.

Долго време Бугарија се посочуваше како држава која многу добро се справуваше со вирусот. Дури српските туристи, на пропатување кон Грција, ја заобиколуваа Македонија и патуваа преку Бугарија. Сега состојбата со вирусот во Бугарија повторно излегува од контрола.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *