Пред официјално 1.000 гледачи, иако снимките покажуваат дека во салата имало неколку илјади луѓе, во Лондон, светскиот првак во бокс, Ентони Џошуа го победи бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев со нокаут и ги задржа титулите во тешка категорија на ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО. Британецот не беше појавен во рингот скоро една година, но сепак пред овој меч важеше за голем фаворит.

Во првите две рунди Пулев колку толку се држеше, но веќе во третата рунда почнаа проблемите за него. Судијата еднаш му броеше но тој стана и се врати во мечот, но потоа повторно беше соборен.

Малку кој очекуваше дека Пулев ќе издржи цели девет рунди бидејќи во најголемиот дел од мечот тој беше во подредена положба. Во ниту еден момент не можеше посериозно да го загрози светскиот шампион во бокс.

Од самиот почеток се виде дека Џошуа имал план и тој се држеше цело време до него. Без многу ризик, тој ја чекаше и користеше секоја можност.

Во деветтата рунда, Ентони Џошуа влезе решен да го прекине мечот со нокаут . Со жесток удар го испрати Бугаринот на подот, судијата почна да брои. Бугаринот стана, но не можеше да го продолжи мечот.

Со оваа победа Џошуа стигна до 24-от триумф во кариерата, додека 39-годишниот Пулев беше поразен по втор пат (има 28 победи).