Во Бугарија од Ковид-19 во изминатите 24 часа починале 18 луѓе, што е најголем број на починати во еден ден од почетокот на пандемијата.

Вкупниот број на починати достигна 563, пренесува агенцијата „БТА“.

Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Бугарија достигна 15.386 откако во последните 24 часа од 3.588 тестирани примероци се потврдени 99 нови случаи на инфекцијата, покажуваат најновите официјални податоци.

Моментално во Бугарија се активни 4.326 случаи на коронавиурс.

Хоспитализирани се 714 пациенти, од кои 65 се на интензивна нега.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *