Бугарската „Мис силикон“ Борјана Миткова има „секс – стрес“ препорака: „Три пати неделно е доволно и без паника од корона“ (ФОТО)

Бугарија е земја на многу нешта, па и на разно-разни избори за мис. Така деновиве требаше да се одржи конкурсот, односно аудицијата за изборот за „Мис старлета“, но тој заради коронапандемијата беше одложен, пишуваат бугарските медиуми.

Во меѓувреме една друга бугарска мисица, Борјана Миткова која е попозната како „Мис силикон“ објави дека запира со објавување на разголени фотографии на социјалните мрежи, а со тоа и во јавноста.

Имено, раскошната убавица решила целосно да го смени својот скандалозен начин на живот, па  и дури престанала да излегува по ноќните клубови.

Причината беше човекот пред кого бринетата сака да биде примерна домаќинка.

Патем, расната Борјана во едно свое неодамнешно интервју за бугарскиот весник „Б’лгарија денес“ препорача с*кс како лек за стрес и во време на Ковид -19:

Препораката  е моја , одлуката – ваша! – изјави таа

извор : vistina.com.mk