При преглед на товарно возило управувано од бугарски државјанин во близина на струмичкото село Сушица вчера полицијата откри и одзеде 2 000 кутии цигари. Бугарскиот државјанин Г.С.К. (45) вчера околу 20 часот е приведен во полициска станица Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.

– На магистралниот пат во близина на село Сушица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед на товарно возило „волво“, кое го управувал Г.С.К., при што пронашле и одзеле 2 000 кутии цигари. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.


Напишете коментар