Новинарот Георги Александров во петокот бил пронајден мртов во езерото Варна, неговото тело било во близина на неисправна цевка. Случајот отвори многу дилеми со оглед на фактот дека Александров во изминатитот период работел на сторија за загадувањето. Истрагата за неговата смрт е во тек.

„Причината за смртта е давење, покажаа резултатите од аутопсијата. Лицето се здобило со повреди на внатрешните органи поради падот од високо“

Обвинителот од Варна, Чавдаров, додаде дека обдукцијата покажала присуство на 1,27 промили на алкохол во крвта на Александров, но дека повреди и траги на насилство не се забележани.

Смртта на новинарот според полицијата најверојатно е несреќен случај.

„Според нашето професионално станува збор за несреќен случај или пак самоубиство. Се сложуваме со обвинителот и мислиме дека нема простор за поразлична хипотеза“

Според непотврдени информации што ги објавија дел од бугарските медиуми, новинарот бил во областа по информациите за силното загадување во заливот Варна, што беше причина и за протести на граѓаните.

Во меѓувреме и бугарската комисија за енергетика и регулатива за вода, по сигналите дека во областа има загадување поради пробиен цевковод, почна да врши увид.

Новинарот Георги Александрод работел за Дарик радио, а воедно бил дописник и за бугарските телевизии БТВ и Нова.


Напишете коментар