Вицепремиерот Бујар Османи е првиот висок функционер на ДУИ кој посочи конкретна дата за можно оддржување на изборите.

Мислам дека разликите меѓу политичките партии, вклучувајќи ги и најекстремните позиции по однос на датумот за избори, не се разликуваат повеќе од десет – петнаесет дена. Така што сметам дека тоа не се ненадминливи разлики и ако деновиве продолжи интензивната комуникација меѓу партиите, како што и се случува, мислам дека може да се сретнеме некаде околу 5 јули, изјави Бујар Османи.

Досега ДУИ не излегуваше во јавноста со конкретни дати за можно оддржување на изборите. Али Ахмти само повторуваше дека треба да има консензус меѓу партиите и да се води сметка за здравјето на граѓаните.

Со оваа изјава на Османи ДУИ како да се приближува до ставовите на Заев и СДСМ.


Напишете коментар