Али Ахмети, претседателот на ДУИ утре треба да се појави во Хаг на сослушување во Специјалниот суд за воените злосторства во Косово. Тој во Хаг е повикан како сведок, изјави денеска Бујар Османи, новиот министер за надворешни работи.
„Претпочитам да не одговарам пред државни микрофони на партиски прашања, но еве кратко, тој е во својство на сведок“, рече Османи.

Утре и задутре Ахмети во Хаг ќе биде испрашуван за војната на Косово и активностите на ОВК.


Напишете коментар