Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов побара оставка од Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски дека со ширењето лажни вести и прави огромна штета на партијата и поради тоа треба да со даде оставка на функцијата и да се повлече од политичкиот живот.

Во емисијата стадион на Канал 77, во саботата, Николовски изјави дека Чешка и Словачка се поголеми патриоти од Зоран Заев и дека нивното вето е резултат на дипломатскиот ангажман на ВМРО ДПМНЕ.

Ексклузивно за Канал 77, споделувам, дека ВМРО ДПМНЕ работеше со овие држави, да спречат условот историја, да влезе во заклучоците на Европската Унија, рече Николоски.

Вчера следеше реакција на амбасадите на Чешка и Словачка во Скопје. Во нивната заедничка изјава се истакнува:

Чешката Република и Словачка јасно ги соопштија околностите кои ги спречија да се согласат со предлог-заклучоците на Советот. Тоа беше сторено преку заедничка изјава на министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка.

За жал, одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и на Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ.

По ова на фејсбук реагираше Оливер Андонов:

Го повикувам потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Александар Николоски да си поднесе оставка од функцијата и да се повлече од политичкиот живот.
Навистина, господине Николоски нема потреба поради вашите “ЕКСКЛУЗИВНИ” изјави во медиумите кои подоцна се покажуваат како неточни сите ние и целото ВМРО-ДПМНЕ да бидеме заробеници на истите и осрамотени пред нашите пријатели во ЕУ дека сме манипулатори, шириме невистини и не сме сериозни по клучни прашања за нашата татковина Македонија, вели Андонов и додава:

Вие на овој начин со својата неодговорна измислена “ексклузивна” изјава ја опструиравте ВМРО-ДПМНЕ во своето претставување како идна сериозна власт во Македонија и довербата на нашите партнери во ЕПП и идни партнери од ЕУ во борбата на сите нас за уривање на предавничката власт на СДС ја урнавте.

На крајот Андонов заклучува:

За доброто на Македонија, господине Николоски заминете си колку-толку достоинствено од политиката.

Андонов е прв член на ВМРО ДПМНЕ кој не е дел на таа т.н. Мериот коалиција кој побара оставка на висок функционер на партијата.

Дали почнува разврската во Белата палата!?