Силното невреме со град што го погоди словенечкото крајбрежје во понеделникот вечерта предизвика огромни штети на покривите, сруши дрвја, уништи неколку автомобили и гаражи на отворено, а метеоролозите во вторникот го опишаа како „суперклеточна бура“ и торнадо, феномен што ретко се гледа во тие краеви.

9549773

„Ние не доживеавме такви бури во декември последните 50 години, суперклеточната бура се разви и беше резултат на мешање на многу студен воздух со јужниот ветер и сè уште релативно топло море“, рече Катја Козјек од Агенцијата за животна средина.

Ilustracija