САД евакуираа 120 претставници на Пентагон од Израел. 

Подготвени сме и продолжуваме да се подготвуваме за различни сценарија, рече претходно армискиот портпарол, прецизирајќи дека копнената инвазија е едно од сценаријата.

Министерството за одбрана на Израел и даде зелено светло на војската да мобилизира илјадници резервисти доколку има потреба.

Израелската армија започна копнена операција во Појасот Газа. Авијацијата и копнената армија учествуваат во воената акција.

Десетици воздушни напади беа извршени на почетокот на акцијата, објавија локалните медиуми.

Извештаите од Израел велат дека во операцијата учествувале артилерија, оклопни единици и борбени хеликоптери.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Твитер објави дека операцијата ќе трае онолку колку што е потребно, повторувајќи ги неговите зборови дека одговорните за нападите врз Израел во Појасот Газа ќе плаќаат висока цена.

Израелската армија издаде соопштение во кое ги повикува жителите на израелските населби во радиус од четири километри од Појасот Газа да останат во засолништата.

На социјалните мрежи се појавија и снимки од копнената акција, чија автентичност не е потврдена.

Во тек е и голем израелски воздушен напад врз позиции во Газа.

Хамас објави дека Израел го нападнал појасот Газа со 150 воздушни напади за неколку минути. Според Министерството за здравство на Хамас, бројот на Палестинците убиени во израелските воздушни напади сега е 109.

Откако Израел изврши голем напад врз Газа, започна нов ракетен удар врз израелските градови. Хамас објави дека испукале 50 ракети.

Сирените за предупредување одекнуваат низ јужниот дел на Израел и градовите Ашдод и Бирсеба. 60-годишен маж е сериозно повреден во ракетен удар врз седумкатница во Ашкелон.

Десетици ракети беа пресретнати од железната купола, израелски антиракетен систем. Видеото покажува дека повеќето ракети експлодираат во воздухот.