Рускиот амбасадор во ЕУ Владимир Чизов беше поканет на средба со генералниот секретар на Европската комисија и Европската служба за надворешни работи.

Претставниците на ЕУ ќе му го достават на рускиот амбасадор „отфрлање и осуда на одлуката на Москва“ за забрана за влез на нејзина територија на осум граѓани на ЕУ, вклучувајќи ја и потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова.

Портпаролот на ЕУ, Питер Стано, наведува дека ова е само последниот во „серијата инциденти“ што Русија ги имаше последните денови со ЕУ и земјите членки.

Тоа ја покажува решеноста на Русија да продолжи со непријателското соочување. ЕУ ќе одговори на тоа, рече Стано.

Во Брисел нагласуваат дека шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борељ, се консултира со земјите-членки и дека ЕУ ќе инсистира на „единствен и најефикасен“ одговор на Руската Федерација на „сите активности преземени во последните месеци“.