Лидерот на Либерално-демократската партија, Чеда Јовановиќ (49) се опоравува и покрај здравствените компликации предизвикани како последица на прележаниот ковид-19.

Во петокот, Јовановиќ беше хоспитализиран во сериозна состојба во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ , а првите проценки беа целосно неповолни. Се претпоставуваше дека Јовановиќ има воспаление на обете белодробни крила, па се сомневаше на белодробна емболија и воспаление на ‘рбетниот мозок.

Неговата состојба секако беше многу сериозна и загрижувачка, а ова се нови детали за неговата здравствена состојба.

Всушност, Јовановиќ имаше нешто како помал инфаркт на белите дробови и воспаление на белодробното ткиво, што го зафати и градниот дел на ‘рбетниот столб. За среќа, тој сега реагира добро на терапијата пропишана од лекарите и тие се надеваат дека сè ќе оди во најдобра насока, вели соговорникот за здравствената состојба на српскиот политичар.

Здравствената состојба на Јовановиќ всушност се искомплицирала поради непочитување на строгиот совет на лекарите.

Да потсетиме, тој беше лекуван од ковид во јули минатата година , па дури и тогаш беше во критична состојба, бидејќи имаше силни болки и беше приклучен на кислород поради силна пневмонија.

Наместо да се смири, како што истакнува изворот, Јовановиќ продолжил како и порано по напуштањето на болницата.