Беше многу сериозно. Прво беа последиците од коронавирусот од јуни и јули. Потоа дојде воспалението на стомакот, пневмонија, и други компликации, рече поранешниот српски вицепремиер и лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ.

Тој вечерва за првпат се обрати до јавноста во емисијата Хит твит на ТВ Пинк по напуштањето на болницата каде лежеше поради билатерална пневмонија.

Сега сум добро, се опоравувам. Мислам дека тоа е најважната работа. Излегов од болницата после 16 или 17 дена. Бев многу дисциплиниран, не сум од оние што се потсмеваа на сето тоа. Мислам дека тоа е моја обврска кон овие прекрасни луѓе, лекарите, кои се одговорни за мојот живот. Тоа е борба која трае 24 часа, истакна Чедомир Јовановиќ. 

Тој исто така изјави дека лекарите во Бежаниска коса дале се од себе, без оглед на тоа кој е пациентот, и ги замолил сите луѓе да се грижат за себе, за семејството и пријателите.

Лекувањето беше многу сложено, вели тој, а лежеше по 24 часа на ден без да има сила да се помести од креветот. Покрај сите инфузии, примав по 20 инекции на ден, рече Јовановиќ кој беше лекуван во три белградски болници.

Да потсетиме, Јовановиќ беше примен во болница на 8 јануари, поради компликации предизвикани од пневмонија, а беше во многу тешка состојба.