Мултимилионерот Џефри Епстајн кој си го одзеде животот во својата затворска ќелија во август минатата година, додека го чекаше своето судење, никогаш не се оженил и не е познато дека има деца.

На веб-страницата креирана од ДНК компанија за пронаоѓање можни наследници на имотот на починатиот милијардер Џефри Епстајн, се вели дека дури 130 луѓе се пријавиле како наследници на Епстајн кој беше обвинет за педофилија и трговија со малолетни деца.

Доколку се докаже дека се деца на мултимилионерот, можат да аплицираат за дел од неговиот имот од 635 милиони американски долари, што ја вклучува неговата вила во Менхетен и луксузен имот кој откако беше откриен скандалот беше наречен  „педофилски остров“.

Откако ДНК компанијата објавила дека бара можни наследници дури 368 луѓе контактирале на веб-страницата, а 130 од нив велат дека би можеле да бидат негови деца.



View image on Twitter


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *