Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, синоќа гостувајќи на РТС Дејли, изјави дека во текот на минатиот ден и ноќ во Белград имало 3.185 прегледи, а само на Клиниката за инфективни болести 318. „Од тоа, имавме околу 270 приеми, што значи пациенти кои мораа да бидат примени во Белград и во внатрешноста“, рече Лончар.

Сшоред него, ова не се податоци од кои таа земја може да биде задоволна.

Кога станува збор за капацитетите во ковид болниците во главниот град, Лончар вели дека по толку приеми, само се чека еден пациент да замине, постелнината се менува во истиот момент и пристигнува нов пациент.

„Веќе два дена сме присилени дека пациентите кои се од Белград и кои заслужуваат болничко лекување, да мора да одат на хоспитализација или во Младеновац или во Пожаревац или во Смедерево, сега ги прошируваме и капацитетите на Чачак на Шабац, бидејќи мора да успееме да му обезбедиме на секој пациент соодветни услови на лекување“, рече Лончар.

Тој посочи дека е отворена привремената болница Арена, но ограничена е само на пациенти кои не се на полуинтензивна и интензивна нега, како и дека Крагујевац и Ниш добиле и привремени болници.

„Уште во понеделник, Институтот за ревматологија ќе го претвориме во ковид болница. Пациентите кои се на болничко лекување одат во Клиничкиот центар на една или две клиники, а целиот капацитет на Институтот за ревматологија ќе го претвориме во ковид болница, бидејќи немаме друг избор“, рече Лончар.


Напишете коментар