Македонската ракометна репрезентација доби одлични вести пред утрешниот старт на Светското првенство (СП) во ракомет, зашто репрезентацијата на Чешка се откажа од настапот поради големиот број позитивни случаи на ковид-19, а на нивно место ќе заиграат македонските ракометари.

Голем број репрезентации пријавија позитивни случаи на ковид-19, па не беше познато кои од нив ќе настапат и дали некоја ќе се откаже за на нејзино место да влезе македонската репрезентација, која пред некој ден ги почна вонредните подготовки за големото натпреварување.

Чешка пријави 15 позитивни случаи, од кои девет ракометари и шест лица од стручниот штаб, а тие и на официјалната страна на Фејсбук потврдија дека се откажуваат од СП во Египет.