Мариели Чакон почина како херој. Оваа мајка се заглави со своите две деца на остатоците од бродот откако доживеале бродолом во Атлантскиот Океан. Тие плутаа четири дена, а за да ги нахрани своите деца со доење, таа ја пиеше својата урина.

Таа почина од дехидрација само три часа пред спасувачите да ги најдат на 112 километри оддалеченост од копното.

Семејството од Венецуела доживеа бродолом за време на патувањето на островот Ла Тортуга, кога нивниот брод беше уништен од бран. Децата на возраст од две и шест години преживеаја благодарение на нивната мајка која се жртвуваше за нив. Таа почина од загуба на електролити предизвикана од дехидрација бидејќи остана без вода цели три дена. За да ја задржи енергијата и да ги нахрани децата, таа ја пиеше својата урина. Кога спасувачите ги пронашле, децата се држеле за мртвото тело на нивната мајка

Децата исто така беа дехидрирани и претрпеа изгореници од сонце, но мајчиното млеко ги спаси, па сега се опоравуваат во болница.

Дадилката, исто така, го преживеа бродоломот. Таа се криеше во фрижидерот од топлината. Пет лица кои биле на бродот се водат за исчезнати, а меѓу нив е и таткото на децата.

Венецуелската поморска служба тврди дека шансите да се најде е многу мали, пишува Daily Mail.