Од четврток работното време на кафеаните и рестораните ќе биде до 21 часот, одлучи Владата на денешната седница. Министерот Филипче на социјалните мрежи објави и дека следната недела откако ќе ја анализираат епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките.

Тоа значи дека работното време на угостителските објекти е можно да биде продолжено и до 23 часот.

Училиштата остануваат затворени и најверојатно така ќе биде до крајот на учебната година.