Многу луѓе ја мешаат Европската унија со Советскиот сојуз. Соништата на нашите пријатели и роднини во Република Северна Македонија, дека Европската Унија ќе нè принуди да започнеме преговори се доста залудни и невозможни. Тоа го изјави во интервјуто за БНР, Кирил Топалов, член на заедничката комисија, чија цел е решавање на историските спорови меѓу Бугарија и Македонија.

Тој коментираше дека ЕУ е свесна дека оваа земја не е реформирана ниту еден сантиметар, од тоталитарниот комунистички модел во поранешна Југославија, што ја формираше и кој управува со неа до денес. РСМ е најнереформираната држава на поранешните југословенски републики, рече тој.

Топалов рече дека иницијативата за пристапување на Западен Балкан во ЕУ е бугарска, од периодот на претходната влада.

Отсекогаш сме имале најдобра братска, пријателска, роднинска намера и желба за оваа земја. Таа не може да се однесува така кон нејзината мајка Бугарија. Таа мора да се однесува кон нас со почит како и кон секоја друга држава, но таа не се однесува кон нас како кон секоја друга држава, туку се однесува со длабока омраза, рече тој.

Кирил Топалов беше категоричен дека ако нереформираната тоталитарно-комунистичка држава влезе во ЕУ, тоа ќе биде тројанскиот коњ на Русија и сите сили што сакаат да ја дестабилизираат Европската унија.

Според него, дури и ако владетелите во Северна Македонија одлучат нагло да ја променат својата политика кон Бугарија, тамошното општество не е подготвено да го стори тоа.

Тој изрази сомневање дека политичките лидери и владејачките партии во РСМ, како и лидерите на опозициската партија, навистина сакаат земјата да влезе во ЕУ, бидејќи земјата е потопена во корупција, а со пристапувањето во ЕУ, корупцијата ќе се контролира, барем до одреден степен.

Кирил Топалов не очекува Бугарија да отстапи од својот став во врска со почетокот на преговорите со ЕУ за РСМ.