Во вечерашната емисија Во Центар беа анализирани двата клучни процеси кои се случија во државата, а тоа е шарената револуција и преговорите во Пржино.

Шарената револуција заврши со формирањето на СЈО. Иако има многу шпекулации, изборот на Катица Јанева е на предлог на ВМРО ДПМНЕ, а тоа го прифати СДСМ. За Катица Јанева гарантираше поранешниот јавен обвинител, сега покојниот Марко Зврлевски. Профилот на Јанева беше скениран и направен од страна на припадници на безбедносните служби кои подоцна учествуваа во бегството на Никола Бошковски и Горан Грујовски, најблиските соработници на Мијалков во УБК, во соседна Грција. Тие ја анализираа Јанева до најситни детали. Во таа операција беше вклучена главната логистика на грчките и српските служби во Маедонија, познат угостител кој има свој бизнис како во Гевгелија така и во Скопје.

За време на траењето на операцијата Рекет, редовно во Македонија беше присутен српскиот агент, Горан Живаљевиќ, кој поради присуството во македонскиот Парламент на 27 април беше повлечен во Белград, но не беше прогласен персона нон грата. Тој редовно доаѓаше во Скопје и престојуваше во стан во близината на Соборниот храм во Скопје. Што ќе рече дека освен бугарското разузнавање во опсервирањето на аферата Рекет беа вклучени и делови на српските служби.

Целата анализа и емисијата Во Центар можете да ја погледате на следниот линк: