Кевин МекБрајд го пензионира легендарниот Мајк Тајсон во 2005. година.

Ирскиот боксер го совлада Тајсон на 11. јуни 2005. година со прекин во шестата рунда и со тоа ја заврши кариерата на најмладиот светски шампион во историјата на тешка категорија.

МекБрајд од друга страна ја заврши кариерата шест години подоцна. Тој не заработи премногу пари од боксот, па мораше да се сврти кон други извори на приход.

Денес, тој живее во Соединетите Држави и работи како дрвосечач, но ужива во Бостон со сопругата и двете деца.

“Јас работам како дрвосечач. Јас сечам дрвја, расчистувам снег и слично. Моја работа е да ги соберам работите и да ги тргнам. Јас сум апсолутно среќен во таа работа”, изјави поранешниот боксер за Дејли меил и се сеќава на натпреварот против славниот Тајсон.

“Кога и да го спомнат, зборуваат за момчето што го победи. Ми се допаѓа. Не го гледам нашиот натпревар често, но неодамна го гледав видеото на Фејсбук. Соништата се остваруваат, зарем не?”, вели МекБрајд.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *