Локалните избори влегуваат во своето финале, остануваат уште осум дена до вториот круг. Во вчерашната емисија Во Центар беа презентирани аргументи и анализи за учество на пранешни функционери на СДСМ блиски на Бранко Црвенковски во кампањата за првиот круг на локалните избори. Односно работеле против својата поранешна партија-СДСМ.

Во текот на денешниот ден ние добивме фотографија на која се гледаат поранешниот секретар на СДСМ, Горан Минчев, секретарот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари и од зад грб се гледа човек кој наликува на Зијадин Села, лидерот на АА.

Ние се обративме до г. Таравари да ја провериме веродостојноста на фотографијата, да прашаме кога и каде е снимена и што била темата на разговор со Горан Минчев. По првичното заблагодарување на честитките за добриот резултат во првиот круг на изборите во Гостивар, Таравари не одговори на прашањето за фотографијата која му ја испративме.

Го контактиравме и Горан Минчев и тој не сакаше да одговори да нашите прашања испратени по смс порака.

Инаку, Горан Минчев беше генерален секретар на СДСМ од 2006 до 2008 година, кога претседател на партијата е Радмила Шекеринска и тогаш СДСМ го доживува најголемиот пораз во својата историја, на изборите во 2008 година. Бил пратеник во Собранието и важи за еден од неколкуте најлојални соработници на Бранко Црвенковски. Сестрата на Минчев е старосватица на брачниот пар Бранко и Јасна Црвенковски.

Во вчерашната емисија Во Центар беше анализирана улогата на крилото или на луѓето на Црвенковски во поразот на СДСМ на локалните избори. Токму Минчев беше посочен дека учествува како поддршка на Максим Димитриевски на изборите во Куманово. Минчев не сакаше да ни одговори на тоа прашање.

Исто така, луѓе блиски на Црвенковски се присутни во кампањата Данела Арсовска, сега трчаат во вториот круг во Кочани, Куманово, Скопје, Охрид, Битола и други градови и работат против кандидатите на СДСМ.

Останува да претпоставуваме што разговареле Таравари, Села и Минчев, дали за поддршка на Алијансата на Албанците за Максим Димитриевски или можеби за некоја форма на уште поголема помош на Данела Арсовска во вториот круг!?