Ако британскиот премиер Борис Џонсон умреше од инфекцијата со коронавирус или се разболеше толку многу да не можеше да ги извршува сите свои должности како премиер, постоеше „План Б“ за непречено продолжување на работата на владата и државата, изјави во интервјуто за Скај Њуз , Сер Марк Седвил, секретар на Кабинетот на Владата на Велика Британија и советник на Владата за национална безбедност во заминување.

Во своето единствено и невообичаено отворено интервју од неговото преземање на функцијата, Седвил додаде дека е земено предвид најлошото сценарио и дека Џонсон го одобрил смислениот план.

Континуитетот во работата на владата е еден од клучните принципи на секој устав и моравме да ги дефинираме сите потребни мерки, рече тој.

Имајќи предвид дека Борис Џонсон требаше да биде примен на одделот за интензивна нега и дека требаше да прими терапија таму, ние однапред разговаравме со него за тоа и тој го одобри назначувањето на Доминик Рааб за прв државен секретар, кој потоа го презеде мнозинството должности на премиерот, рече тој.

Тоа не беше планирано, не дај Боже, само во случај неговото здравје да се влошеше драстично, туку за време на престојот на интензивна нега тој не можеше да ги извршува сите должности на премиерот, особено оние што се појавуваат кога би се случила голема криза, заклучи Седвил.

Тогаш имаше исклучително активни одлуки. Мислам дека само времето ќе покаже дали се донесени во вистинско време. Можам само да кажам дека сите интензивно размислуваа за сите аспекти на секоја одлука, додаде тој.

Седвил помина нешто помалку од две години како секретар на Кабинетот на Владата на Велика Британија. Тој ја презеде функцијата на 24 октомври 2018 година, а ќе поднесе оставка на 9 септември 2020 година.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *