Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Анкара сака да ја зајакне соработката со Вашингтон откако Џо Бајден стана нов претседател на Соединетите Американски Држави (САД).

Ние сакаме долгорочно да ја зајакнеме нашата соработка со новата американска администрација но на вин-вин пронцип, рече Ердоган во видео пораката испратена по повод лансирањето на телевизискиот канал Турско-американски национален управен одбор (TASC) .

Според новинската агенција Анадолија, тој додаде дека поминале низ процес во кој турско-американското пријателство било сериозно тестирано.

Не видовме поддршка или солидарност што ја очекувавме од нашиот сојузник во НАТО, особено кога станува збор за борба против терористичката група ПКК (Работничка партија на Курдистан) и нејзините ограноци, рече Ердоган.

Сепак, тој истакна дека Турција и Соединетите држави имаат повеќе заеднички интереси отколку разликите во мислењата.