Ситуацијата е драматична во Грција, каде со денови избиваат големи пожари.

Последниот пожар избувна на островот Евиа, а пламенот што се ширеше ги принуди властите да наредат нова евакуација на населението на север.


Пожарникари, противпожарни авиони, општински екипи и волонтери се обидуваат да го локализираат пожарот што вчера избувна во шумата кај селото Лимни, и се чинеше дека има подобрување, се додека промената на правецот на ветерот повторно го запали огнот и не се прошири во неколку насоки. Тројца пожарникари се повредени.

Меѓутоа, група монаси од манастирот Свети Давид не сакаа да се евакуираат, иако пожарот беше опасно близу до манастирот.

Старешината на манастирот за државната новинска агенција АНА-МПА изјави дека ситуацијата е многу тешка, дека пламените јазици се високи 30 до 40 метри во боровата шума и дека огнот го опколил манастирот.

ΤΟ ΜΟΝΑΣΤΗΡΙ ΤΟΥ ΟΣΙΟΥ ΔΑΥΙΔ στην Εύβοια σώθηκε. Η φλόγες πέρασαν και δεν ακούμπησαν. ΜΕΓΑΛΗ βοήθεια των μοναχών και της πυροσβεστικής Πηγη: Christos Vassiliou

Posted by Forecast Weather Greece on Wednesday, August 4, 2021

Се гушиме од чадот, ова е кошмар, рече манастирскиот старешина.

Но вчера се случи вистинско чудо. Имено, на Фејсбук беше објавено дека е спасен Манастирот Свети Давид. Дали со помош на чудо, молитви кон Бога, пожарникари, среќа или нешто друго, огнот го заобиколи манастирот, пламените јазици не зафатија ниту еден објект! Возила паркирани на влезот, трева и дрвја беа изгорени, но ниту една просторија од манастирот не беше оштетена.