Цариградската патријаршија е под контрола на „неправославните политички сили“, изјави московскиот и Руски патријарх Кирил, зборувајќи за поддршката на Константинопол за украинските црковни структури.

Факторот кој можеше силно да влијае на патријархот Вартоломеј е политички. Позицијата на Цариградската патријаршија отсекогаш била многу нестабилна, кога велам „секогаш“ мислам на времето по падот на Византија. Патријархот бил, и се уште е под контрола на неправославни политички сили – изјави патријархот на Русија, Кирил.

Тој додаде дека патријархот Вартоломеј не само што е должен да послуша, туку и да го усогласи својот став со либералниот контекст што постои во западноевропските земји и во САД.

Патријархот Кирил смета дека обидите за поделба на Православната црква во Украина се поврзани со политичките цели на властите во Киев.

Денешната политика насочена кон поделба на црквата е тесно поврзана со политичката ситуација, бидејќи обидите на луѓето да ја поделат својата православна црква и да ја ослабат не можат да се објаснат со никакви теолошки сфаќања. Целта е само една – да бидеме што подалеку од Русија и РПЦ, а тоа е политичка, а не духовна цел – додаде патријархот.

Истовремено додаде дека за него нема поделба на народи и држави, туку само верници на РПЦ. Според патријархот, црковната поделба во Украина предизвикува голема тага.

Тоа е тажно да се види поделбата на православниот народ, страшна огорченост. Мислам дека ниту украинското раководство не е воодушевено од тоа што се случува, туку започнува спирала на омраза, поделеност, конфронтација – предупреди првиот човек на РПЦ. Тој особено ја истакна улогата на поглаварот на Украинската православна црква во тоа, митрополитот Онуфриј кој не дозволува да биде вовлечен во конфликтот.

Слушајте внимателно – Русија е лидер на слободниот свет. Ние сме навистина слободна земја, тоа е реален факт. Ослободени сме од најмоќните влијанија однадвор, се развиваме на свој начин и дај Боже тој пат да биде успешен – изјави патријархот. Тој исто така додаде дека Русија може да биде пример за другите земји.

„Новата црква“  во Украина е основана на „соборот за обединување“ во Киев во декември 2018 година, по спојувањето на две неканонски црковни структури активни во Украина. За поглавар на новата автокефална црква е избран Епифаниј Думенко. Во јануари 2019 година, неканонската црковна структура доби томос за автокефалност од цариградскиот патријарх Вартоломеј.

Во извесна смисла, црквата на Запад е прилично ранлива. Еве еден едноставен пример: Православната црква не се согласува и никогаш нема да се согласи со новата идеја за брачните односи. За посебен грев го сметаме заедничкиот живот кој сега го практикуваат лица од ист пол – додаде патријархот.