– Различна е сликата со бојкотот на наставата од матурантите. Една гимназија во Скопје има поорганизирано дејствување, сите други се изолирани групи во дел од гимназиите. Во Медицинското, на пример, нема ниту еден ученик што бојкотира. Тоа се мали групи кои искажуваат незадовлство и тоа е нивно легитимно право, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

Во одговор на новинарско перашање по средбата со наставници од основни училишта посветена на нацрт-концепцијата, Царовска рече дека во интерес на учениците и на квалитетното образование во земјава е да се спроведе државната матура според актуелниот концепт. Треба да се менува, рече, но тоа ќе биде за наредната генерација матуранти кои ќе ја полагаат во 2022 година.