Светлана Цеца Ражњатовиќ ја отвори душата пред белградскиот аеродром, каде што зборуваше за својот настап во Швајцарија, но и проблемот со кој се соочуваат пејачките.

Како што е познато, пандемијата на вирусот влијаеше на тоа и голем број анстапи на пејачи и пејачки не се одржуваат или се откажуваат.

„Во Швајцарија е опуштено. Мора да носат маски и во затворен простор, на улица не, слободно шетаат. Сцената е во голем проблем. Не зборуваме сега за мене, Лукас, Брена… Трошоците ни се големи, приходите се нула, а замислете тие што работат за малку пари. Мислам дека тоа не е фер. И ние имаме семејства“, вели Цеца.