На јавноста и е познато дека веќе подолг период познатите српски пејачки Карлеуша и Ражнатовиќ се сретнуваат само во суд. Имено причина за ова е тужбата која Јелена и ја поднела на Цеца поради тоа што на едно претходно судење Цеца ја нарекла Карлеуша нарцисоидна личност и човек кој е лабилен.

Денеска судот конечно донесе одлука дека во случајот Цеца-Карлеуша, Ражнатовиќ е потполно невина.

Двете пејачки одамна не разговараат,а проблемите помеѓу нив постојано се зголемуваат.

Во минатото постоеја и низа случаи каде што и ќерката на Цеца, Анастасија преку социјалните мрежи се обиде да се препира со Јелена, а во последно време како нов член на семејството Ражнатовиќ, и снаата Богдана одговарајќи на прашања на своите фанови, дали има омилена песна од Карлеуша, одговори дека таа воопшто и нема нејзини песни.

Судирот помеѓу ова семејство со Јелена веројатно ќе продолжи и понатаму, а многу е очигледно дека тие две воопшто и никогаш нема да ги закопаат секирите.